„Против Де Минор ќе видите еден друг Рафа Надал“

Рафаел Надал во Мадрид го очекува нова пресметка со Алекс де Минор, во желбата да му реваншира на Австралиецот за последниот пораз од меѓусебната пресметка.

Такво нешто вети и тренерот на Рафа, Карлос Моја.

„Ќе видите сега еден друг Рафа Надал. Во Барселона не беше подготвен за тој дуел, ќе видиме сега со далеку поголем мотив и желба. Сигурен сум дека ќе биде далеку понеизвесен меч од оној во Барселона. Не знам дали Рафа ќе победи, но сите во тимот сме убедени дека ќе биде многу подобар од минатата недела“ – вели Моја пред денешниот меч.

Се вчитува...