Прв бод за Шалке годинава, го остави Келн без удар кон голот

Екипата на Шалке го освои првиот бод во новата година, откако денеска на свој терен во Гелзенкирхен одигра без голови против Келн.

Иако тимот на Шалке беше поблиску до водство, кое можеби ќе значеше победа за домашниот тим, сепак, на крајот не успеа да го најде патот до мрежата. Најголемата шанса гостите од Келн ја имаа во 51. минута преку Хуберс кога шутираше за малку над пречката. Инаку Келн немаше ниту еден удар во рамките од голот.

И покрај бодот, Шалке и натаму е далеку од опстанокот и сега заостанува шест бодови од опасната зона. Ова беше четврто реми за тимот од почетокот на сезоната.

Се вчитува...