Прв одложен меч во Премиер-лигата поради коронавирус?

Астон Вила и Њукасл в петок би требале да излезат на мегдан на „Вила Парк“, но огромна е веројатноста дека овој натпревар ќе биде одложен поради голем број на позитивни случаи на Covid-19 во гостинскиот тим.

Имено, Њукасл веќе два дена воопшто не тренира откако беа утврдени првите случаи на коронавирус во тимот на Стив Брус. Проблемот лежи во тоа што бројот на заразени од ден на ден се повеќе расте, до денеска веќе се потврдени пет заразени фудбалери на Њукасл, а „црно-белите“ стравуваат дека бројката уште повеќе ќе се зголеми во наредните денови.

Клубот веќе поднел барање за одлагање до Премиер-лигата, чии челници ќе треба да донесат одлука, дали да ја прифатат иницијативата на Њукасл и ова да биде прв одложен меч поради коронавирус во елитното англиско фудбалско друштво.

Се вчитува...