ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Чаир слави титула, Академија Пандев и Шкендија во Европа, Скопје и Тиквеш во бараж, Борец и Пелистер во втора лига

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА 33. КОЛО

Шкупи со стил ја потврди шампионската титула откако во последното коло на домашен терен славеше со убедливи 3-0 над Академија Пандев која исто така обезбеди пласман во Европа следната сезона како и Шкендија. Се очекува уште финалето во Купот на Македонија меѓу Македонија Ѓорче Петров и Силекс по кој ќе биде познат и последниот патник во квалификациите за Конференциската лига. Нови второлигаши се екипите на Пелистер и Борец, додека Тиквеш и Скопје ќе играат бараж за опстанок во елитата против екипите на Беласица и Воска.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Кристијан Трапановски (Шкупи)

Кристијан Трапановски со два гола го водеше Шкупи до убедлив триумф против Академија Пандев од 3-0 и печат на титулата која на убедлив начин ја освои тимот од Чаир сезонава во ПМФЛ.

 

================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Шкупи) 

Гоце Седлоски го презеде кормилото на Шкупи и во првата цела сезона успеа на убедлив начин да стигне до титулата. Печат на феноменалната сезона беше ставена со победата над Академија Пандев од 3-0 во последното коло.

 

 

 

 

 

 

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Дарио Десниќ (ФК Скопје) 

Скопје со убедлив триумф од 4-1 над Брегалница се загрева за бараж  натпреварот за опстанок кој го очекува во Првата македонска фудбалска лига. Дарио Десниќ на феноменален начин го совлада голманот на гостите Денковски на мечот во Автокоманда.

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: Чаир е често досадно место, но што низ него ќе пројдеш ти

 

Се вчитува...