ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Се за сезоната – тим, играч, тренер, гол…

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА СЕЗОНА 2021/2022

Шкупи е освојувач на титулата во сезоната 2021/2022 во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Чаир на убедлив начин стигна до шампионатот, па затоа главни победници во изборот за тим на сезоната се токму играчите од овој клуб. Чаирчани имаат дури четворица играчи во тимот на сезоната Наумовски, Сенгор, Алварез и Адетунџи кој го доби и епитетот најдобар во сезоната, откако ја освои и „Златната копачка“ во ПМФЛ со 20 гола. Гоце Седлоски и повеќе од заслужено го добива приматот најдобар тренер сезонава. Академија Пандев која заврши на второто место има тројца играчи меѓу најдобрите. Одбранбените Мартинага и Бихорац, како и напаѓачот Мирчевски кој иако одигра само во првиот дел од сезоната, заврши како втор стрелец со 16 гола. Третопласираната Шкендија има свои претставници во Шала и Дориев, а по еден играч имаат и Македонија Ѓорче Петров (Емини) и Ренова (Селмани).

====================================

ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Сандеј Адетунџи (Шкупи)

Санде Адетунџи со 20 гола е главен виновник за освојување на титулата на Шкупи во Првата македонска фудбалска лига. Одличниот напаѓач сезоната ја заврши и како најдобар стрелец во елитата.

 

================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА СЕЗОНАТА: Гоце Седлоски (Шкупи) 

Гоце Седлоски и повеќе од заслужено го добива приматот најдобар тренер сезонава. Го водеше својот тим на убедлив начин од освојување на шампионската титула и настап во квалификациите во Лигата на шампионите следната сезона.

 

 

 

 

 

==============================

ГОЛ НА СЕЗОНАТА: Клинсман Цаке (Струга ТиЛ) 

Клинсман Цаке го постигна најубавиот гол сезонава во македонската прволигашка сцена. Цаке со прекрасен гол од слободен удар донесе победа за Струга Трим и Лум над Работнички во 14. коло.

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА СЕЗОНАТА: Шкупи шампионе! 

 

Се вчитува...