Академија Пандев осигура пласман во Европа, Македонија ЃП со домашен пораз во незгоден момент (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 32. КОЛО…

Ак. Пандев – Работнички (2-1)

(Маронг 33′, Велиновски 44′ – Станковски 51′)

Брегалница – Тиквеш (1-0)

(Ѓокиќ 42′)

Македонија ЃП – Струга (1-3)

(Воша 61′ – Босанчиќ 10′, 21′, Шабани 55′)

Пелистер – Борец (2-1)

(Здравевски 65′, Љамчевски 70′ – Николовски 83′)

Ренова – Скопје (1-0)

(Борха 63′, Јусуфи 85′)

Шкендија – Шкупи (0-0)

Standings provided by SofaScore LiveScore


Завршија пет од шесте натпревари во 32. коло од Првата лига. 

Академија Пандев и дефинитивно го обезбеди пласманот во Европа, со победата над Работнички од 2-1. Во најлош случај „Академците“ може да бидат третопласирани, и во случај на победа на Шкендија над Шкупи, меч кој ќе се игра уште 20-30 минути. 

Македонија ЃП си ја загрози „европската судбина“ откако загуби на домашен терен од Струга Трим Лум, и сега заостанува три бода од Шкендија. „Лавовите“ може да обезбедат Куп само ако Шкупи победи со Шкендија, и да се поклопат „коцките“ во последното коло, или преку Купот на Македонија. 

Ренова со 2-0 го совлада тимот на Скопје, додека во дуелот на испаднатите екипи, Пелистер славеше триумф над Борец со 2-1.


ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (0-0)

Дербито во Тетово доцни цели 20 минути поради инцидентите кои се случуваа пред натпреварот, но немили сцени има и во текот на натпреварот. На почетокот од мечот најпрво со трврд предмет беше удрен голманот на Шкупи Артан Иљази, а потоа и резервниот играч Адрит Илјази. Мечот неколку пати беше во прекин откако навивачите на Шкендија фрлија ленти на теренот, па мораше истите да бидат исчистени. 

Првиот дел беше продолжен за седум минути, доцнеше и второто полувреме. За потсетување дека инцидент имаше уште при пристигнувањето на Шкупи на стадионот во Тетово, откако беше фрлен факел, и повреден еден играч на Шкупи. 

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ (2-0)

2-0 70′ – ГОООООООЛ! Здравевски проби по левата страна, центрира на петерецот, одбраната на Борец интервенира, но само до Љамчевски кој со волеј ја зафати топката, голманот Алчевски очекуваше интервенција на одбраната, но тоа не се случи, па и самиот се изненади, и доцна се обиде да интервенира, но не успеа за водство на Пелистер од 2-0

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ (1-0)

1-0 65′ – ГОООООЛ! Акција на Пелистер од десната страна преку Љамчевски, кој добро мина еден одбранбен играч, асистира до Здравевски кој постигна гол од 10-11 метри

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ (1-3)

1-3 61′ – ГООООЛ! Воша од дваесетина метри со прецизен удар во долниот лев агол, го постигна првиот гол на Македонија ЃП на натпреварот и намали на 1-3

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ (0-3)

0-3 55′ – ГООООЛ! Шабани во соло акција по левата страна, мина неколку играчи на Македонија ЃП и најде простор да стрела во долниот десен агол од голот на Стевковски за трет погодок и веројатно победа на Струга ТЛ во Ѓорче Петров

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

2-1 51′ – ГООООЛ! Работнички од белата точка намали. Фаулиран во шеснаесетникот беше Зејнулаи, по што Стојанов покажа на пенал. Станковски шутираше од 11 метри во десниот агол, одбрани Јовановски, но одбиената топка повторно до него и спроведува во празната мрежа

БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ (1-0)

1-0 42′ – ГОООООЛ! Брегалница поведе во дуелот со Тиквеш. Акцијата од десната страна се префрли кон средината, центаршут до Ѓокиќ кој со глава од 10-11 метри го совлада гостинискиот голман

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (2-0)

2-0 44′ – ГОООООЛ! Загубена топка на средината на теренот на Работнички, Пепи Ѓоргиев од левата страна додаде до Велиновски кој од 13-14 метри погоди во мрежата на Тимевски

АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 32′ – ГООООООЛ! Академија Пандев поведе со голот на Маронг. По една долга акција, Маронг од 16-17 метри стрела во долниот десен агол од голот на Тимевски

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ (0-2)

0-2 21′ – ГООООООЛ! Струга се доближува до триумф во Ѓорче Петров, а го оддалечува тимот на Македонија од Европа. Босанчиќ одново на вистинско место по одбиена топка за 0-2. Шут од слободен удар, одбиена топка од Стевковски до Босанчиќ, кој одново стрела во мрежата, речиси идентично како првиот гол

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ

0-1 10′ – ГООООООЛ! Струга Трим Лум поведе. После една акција од левата страна, се тресе стативата на Македонија ЃП, а на одбиената топка налетува Босанчиќ кој стрела во мрежата на Стевковски

Се вчитува...