ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкендија убедлива, Вардар ремизира, Скопје „царува“… (ФОТО)

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО…. 26. КОЛО

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (2-0)

Кировски 29′, Чарлс Гофри 90’+3

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (5-0)

Емини 23′, Радески 31′, 72′, Шефити 40′, 76′

Струмица: ПОБЕДА – СКОПЈЕ (0-1)

Петковски 33′

Турново: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (1-1)

Чешмеџиев 50′ – Максимов 53′

Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (одложен)


Standings provided by Sofascore LiveScore

======================================================================================

ГОЛЕМ ТРИУМФ ЗА СКОПЈЕ КОЈ СЛАВЕШЕ СО 0-1 ВО ДИРЕКТНИОТ ДУЕЛ ВО БИТКАТА ЗА ОПСТАНОК ПРОТИВ ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА!

Крај и на натпреварот во Турново. Академија Пандев и Вардар ремизираа 1-1!

Крај на натпреварот во Тетово. Убедлива победа за Шкендија од 5-0 против Ренова!

ПОБЕДА – СКОПЈЕ (0-1)

83′ – Нова 100% шанса за Победа. Наумоски изведе слободен удар, но гредата го спасува тимот на Скопје

ПОБЕДА – СКОПЈЕ (0-1)

80′ – Одлична шанса за Победа. Најдоски шутираше од непосредна близина но гостите успеаја да се одбранат

 

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (1-1)

78’ – По центаршутот од десната страна, Максимов се реши да врати со глава на пеналтикот, иако имаше убава можност и за шут…и погреши

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (4-0)

4-0 – 72′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Нов проектил на Марјан Радески од 16 метри за водство и од 4-0

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (1-1)

1-1 – 53’ – ГОООООООЛ ЗА ВАРДАР. Битанг нафрлува до Максимов кој што со глава стрела во горниот десен агол и го израмнува резултатот

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 50’ – Нафрлена топка во шеснаесетникот на Вардар на вториот дирек до осамениот Димов кој шутираше, Алексовски ја одби топката само до Чешмеџиев кој што погоди од 4-5 метри во мрежата

ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ТРИТЕ ДУЕЛИ….

  • Крај на првото полувреме на останатите три дуели од 26. коло во ПМФЛ

Крај на натпреварот во Скопје. Работнички победи со 2-0 против Силекс.

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (2-0)

2-0 – 90+3’ – ГООООООЛ за Работнички, 2-0. Контранапад на домашниот тим, топка доби Чарлс Гофри и успеа да го совлада Митровиќ за точка на триумфот.

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (3-0)

3-0 – 40′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Шефити се најде во одлична позиција на 12 метри пред голот на Ренова и стрела прецизно ниско по земја

ПОБЕДА – СКОПЈЕ (0-1)

0-1 – 33′ – ГООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Филип Петковски одлично добива топка на 15 метри и прецизно шутира за водство на скопјани во Струмица

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-0)

83’ – Одлична шанса за Работнички. Велинов шутира од 16 метри, Митровиќ успеа да одбрани

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (2-0)

2-0 – 31′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Еврогол на Марјан Радески кој мајсторски шутира од 16 метри под гредата од голот на Ренова!

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-0)

70′ – На дербито без многу шанси во вториот дел. Само по еден обид на двете страни

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 23′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Со погодокот на Изаир Емини, „црвено-црните“ доаѓаат до водство во градската пресметка во Тетово

ПОБЕДА – СКОПЈЕ (0-0)

15′ – Прв обид на Скопје. Од десната странична позиција се обиде Десниќ, но Дарко Тофилоски на место

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

12′ – Без многу возбудувања на двете страни на почетокот на натпреварот во Турново

  • Почеток на натпреварите и на останатите три натпревари од денешното 26. коло… Одложен е единствено мечот меѓу Шкупи и Пелистер поради труење со храна на поголемиот дел од фудбалерите на Пелистер.

Крај на првото полувреме!

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-0)

44’ – Тимовски шутира од 20 метри, но Божиновски одбрани. По корнерот, убава можност за кратовци, но на крајот топката заврши во рацете на голманот на Работнички

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-0)

42’ – Тимов повторно се закани од 15 метри, но Божиновски одбрани

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-0)

35′ – Добра можност за Тимов по нафрлањето од Глигоров, но не успева да го загрози домашниот гол

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 29’ – ГООООООЛ за Работнички. Грешка на Митровиќ, ја испушти топката по еден лесен центаршут, а Ангелов му ја краде топката додавајќи до Христијан Кировски кој беше умешен и ја затресе мрежата

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

12’ – Ангелов нафрли од корнер, Митрев шутираше со глава, но директно во голманот на Силекс

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

3′ – Добар напад на гостите по десната страна, Тимов на неколку метри пред голот на Работнички но шутира за малку непрецизно

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

1′ – Почеток на натпреварот!

  • Од 15 часот во рамките на 26. коло од ПМФЛ стартува дербито меѓу Работнички и Силекс на игралиштето на спортскиот центар „Петар Милошевски“ во Скопје

======================================================================================

Стартуваат натпреварите од 26. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон битката за третото место на табелата и битката за опстанок.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...