ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкупи потклекна пред Вардар, победи на Работнички и Борец… (ФОТО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 5. КОЛО….

Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

Цветановски 52′

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

Петковски 79′

Битола: ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

Велес: БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (2-0)

Фернандо Силва 70′, Прелчец 78′

ВЧЕРА

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 0-3

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2-0

======================================================================================

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 5. КОЛО ВО ПМФЛ.
  • Крај и на дуелот во Велес, триумф на Борец против Академија Пандев
  • Крај на натпреварот во Тетово, победа на Работнички против Ренова

ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

90′ – Нова 100% шанса за Вардар. Сега Дејан Блажевски сам пред гостинскиот гол, но Наумовски извонредно брани спречувајќи зголемена предност

ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

87′ – 100% шанса за Мартин Мирчевски кој пропушти одлична можност со гол да го заокружи дебито за Вардар. Одличен контранапад, брзиот Мирчевски изби покрај Кривањева сам пред гостинскиот гол но шутираше покрај десниот дирек

ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

81′ – Одлична шанза за Шкупи, но Илиќ одлично брани пред Гоудијаби спречувајќи израмнување на резултатот

БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (2-0)

2-0 – 78′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Никола Прелчец носи предност и од 2-0 за велешани

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 79′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Напаѓачот на Работнички, Петар Петковски успеа одлично да се снајде по уфрлувањето од левата страна, тој всушност блокираше избивање на топката од Шала, а таа се врати во голот на Велии.

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

76′ – Јашароски шутира од 25 метри. лесна задаќа за Јанков

ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

70′ – Глишиќ во обид да нафрли од левата страна, но топката за малку ќе го изненадеше Илиќ завршувајќи во гредата од голот на домашните

БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 70′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Бразилецот Фернандо Силва Дос Сантош го носи Борец до водство против Академија Пандев

ВАРДАР – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 52′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Катастрофална грешка на голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски. Цветановски шутира откосо од 15 метри, се чини сосема безопасно, но топката под рацете на Наумовски отседнува во мрежата

  • ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 5. КОЛО ВО ПМФЛ…
  • Крај на првото полувреме…

ВАРДАР – ШКУПИ (0-0)

45′ – Извонреден шут на Дарбо Дембо од 16 метри, но сантиметри над гредата од голот на Илиќ

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

42′ – Стојков шутира од 25 метри, Велии одбрани.

ВАРДАР – ШКУПИ (0-0)

28′ – Поништен гол на Дарбо Дембо кој постигна прекрасен гол со шут од 18 метри, но оправдано поништен поради офсајд позиција.

ВАРДАР – ШКУПИ (0-0)

27′ – 100% шанса за Вардар. Петровиќ спушти во гостинскиот шеснаесетник, а младиот Величковиќ од едно метри успеа место во празната мрежа да го погоди дирекот од голот на Шкупи.

ВАРДАР – ШКУПИ (0-0)

19′ – Спорен момент во шеснаесетникот на Шкупи. Мицевски шутира од 16 метри, Кривањева ја запира топката со рака, но според судијата Влахо нема елементи за пенал.

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

18′ – Велија шутира откосо од десната страна, Јанков одбрани и ја одби топката во поле

ВАРДАР – ШКУПИ (0-0)

11′ – Алварез шутира од 20 метри, но Илиќ брани исфрлајќи во корнер

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

9′ – Петковски шутира од 25 метри, но Мишковкски го блокираше неговиот удар.

ВАРДАР – ШКУПИ (0-0)

5′ – Прва шанса за Шкупи, нафрлувањето од левата страна а на вториот дирек во убава можност Илирид Адеми но со глава над голот на домашните

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 5.КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати се составите за дербито меѓу Вардар и Шкупи на „Тодор Проески“…

======================================================================================

Во 5. коло од ПМФЛ, дербито на „Тодор Проески“… Вардар го пречекува Шкупи, по заокружувањето на играчкиот кадар, сега и со желба за почеток на позитивна серија. Интересна пресметка и во Тетово каде Ренова е домаќин на Работнички.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...