ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Тепaчка меѓу фудбалерите на Пелистер и на Вардар пред самиот крај

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО25.КОЛО

Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 0-0

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ 3-1

Стојановски 14’, 36’, Незири 57’ – Стојковски 51’

Кратово: СИЛЕКС – ПОБЕДА 1-0

Благојевиќ 26’

Скопје: РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1

Шаркоски 69’ – Атанаскоски 36’

Железарница: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 0-0

________________________________________________________________________________________________

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-0): 90+4’ – Барсегјан беше во одлична можност, но Илче Петровски бравурозно го спаси својот гол. Крај на дербито, и на сите други мечеви од 25.коло.

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-0): 90+2’ – Се случи општа тепачка во Битола меѓу фудбалерите. За среќа, се смирија страстите многу брзо.

СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (0-0): 90+3’ – Одлично изведен слободен удар на Бесарт Ибраими, голманот на Скопје со крајни напори одбрани и „фенерџијата“ стигна до бод против лидерот на табелата. Конечни 0-0.

СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (0-0) – 84’ – Шкендија и со фудбалер помалку се обидува да стигне до триумф. Во добра ситуација се најде Радески, но неговиот шут беше изблокиран.

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-1): 69’ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ, 1-1. Центаршут од десната страна на Ангелов, еден од гостинските дефанзиви несмасно интервенираше, а Николче Шаркоски се најде на вистинското место и со прецизен удар го израмни резултатот.

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-0): 67’ – Максимов со удар од 20 метри ја погоди стативата од голот на Пелистер, а потоа Барсегјан шутираше со глава, но Петровски одбрани.

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-1): 64’ – Ангелов промаши пенал. Петковски беше соборен во шеснаесетникот, судијата Мечкаровски покажа на белата точка и покрај протестите на гостинските фудбалери. Топката ја зеде Ангелов, но се посрамоти шутирајќи високо над гредата

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-0): 64’ – Трифуновски се обиде со волеј удар во пад да постигне гол, но топката заврши над голот на Вардар.

СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (0-0): 53’ – Шкендија остана со играч помалку поради исклучувањето на Мевљан Адили. Тој заработи втор жолт картон и беше исклучен.

РЕНОВА – ШКУПИ (3-1): 57’ – ГООООООЛ ЗА РЕНОВА, 3-1. Меџит Незири повторно носи комфорна предност за Ренова.

РЕНОВА – ШКУПИ (2-1): 51’ – ГООООООЛ ЗА ШКУПИ, 2-1. Кристијан Стојковски го намалува резултатот и носи надеж за Шкупи дека може да освои бодови на овој меч. Илијоски на дваесетина метри му ја остави топката на Стојкоски, кој со прекрасен удар го матираше голманот на Ренова.

СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (0-0): 48’ – Опасно долго додавање на фудбалерите на Скопје, па голманот на Шкендија е принуден да истрча на 30 метри од својот гол за да ја отстрани опасноста

Крај на првото полувреме на сите прволигашки натпревари.

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-0): Убава шанса за Тревис Боувен, но не успеа да ја зафати најдобро топката во срцето на шеснаесетникот на Вардар.

СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (0-0): 44’ – Убава акција на Шкендија, Емини се најде во добра позиција, но од десетина метри откосо шутираше непрецизно.

РЕНОВА – ШКУПИ (2-0): 36’ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА, 2-0. Влатко Стојановски ја удвојува предноста на Ренова против Шкупи.

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-1): ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ, 0-1. Неуспешен обид на домаќините да ја расчистат опасноста, топката на триесетина метри ја прими Атанаскоски , тргна десетина метри и потоа со одмерен удар од работ на шеснаесетникот ги доведе гостите во водство

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0): 34’ – Слободен удар за Работнички од околу 25 метри, овојпат Ангелов бие високо над голот

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0): 33’ – Бројни прекини на играта на дуелот Работнички – Академија Пандев поради повреди на фудбалерите. При еден дуел со Балдовалиев настрада голманот Божиновски, кој по укажаната лекарска помош сепак ќе го продолжи мечот.

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-0): 28’ – Блажевски шутира од 25 метри, Петровски исфрли во корнер.

СИЛЕКС – ПОБЕДА (1-0): 26’ – ГООООООЛ ЗА СИЛЕКС, 1-0. Дејан Благојевиќ ја тресе мрежата на Победа. Скратен корнер од десната страна, одбраната на Победа не расчисти најдобро, а во мешаницата во шеснаесетникот најдобро се снајде Благојевиќ и со удар по земја го совлада гостинскиот голман.

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-0): 17’ – Продолжува дербито во Битола.

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-0): 15’ – Прекин на дербито во Битола. Чкембари фрлија факели на теренот, па мечот е во прекин.

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-0): 14’ – Блажевски во шанса, шутираше, но Петровски одбрани и успеа да исфрли во корнер.

РЕНОВА – ШКУПИ (1-0): 14’ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА, 1-0. Влатко Стојановски го носи домашниот тим во водство во Тетово. Брза акција на гостите, топката од десната страна беше нафрлена во срцето на шеснаесетникот, а таму Стојановски со удар од прва го совлада голманот на Шкупи.

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0): 7’ – Слободен удар за Работнички од триесетина метри, Ангелов се обиде со директен удар, но голманот на „пандевци“ од втор обид успеа да ја запре топката.

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-0): 5’ – Блажевски се закани со прв удар кон голот, но без проблеми за Петровски.

СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (0-0): 4’ – Прв удар на Шкендија, Ибраими се обиде од работ на шеснаесетникот, голманот на Скопје одбрани.

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0): 2’ – Прв корнер и прва опасна шанса на Работнички, но топката заврши сантиметри крај голот на Академија Пандев, во нов корнер.

Вардар гостува во Битола, а Чедомир Јаневски се определи за следните единаесетмина во стартниот тим: Гачевски, Брдаровски, Грнчаров, Новак, Антовски, Битанг, Марковиќ, Глигоров, Блажевски, Барсегјан, Цветаноски.

За Пелистер ќе настапат: Петровски, Тодоровски, Илијовски, Наумовски, Миленковски, Коњарски, Илиевски, Бовен, Маркоски, Маневски, Драгарски.

Стартуваат натпреварите од 25. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон битката за третото место на табелата и битката за опстанок. Дербито се игра во Битола, каде се среќаваат Пелистер и Вардар.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...