ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар ја освои Струмица, победи на Шкупи и Шкендија… (ФОТО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 2. КОЛО….

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-1)

Јусуфи 4′, Дембо Дарбое 76′, Ламине 93′ – Емини 54′ (п)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-1)

Блажевски 78′

Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (2-0)

Тотре 34′, Дориев 92′

Велес: БОРЕЦ – РЕНОВА (1-1)

Радовиќ 40′ – Стоименовски 89′(аг)

ПРЕТХОДНО

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА 2-0

Кратово: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 2-2

======================================================================================

  • КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (2-0)

2-0 – 92′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Љупчо Дориев ја надмудри целата одбрана на Струга ТЛ и постигна погодок со прецизен удар откосо од десната страна.

БОРЕЦ – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 89′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. „Гипсарите“ израмнуваат со автоголот на Стоимановски

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-1)

2-1 – 76′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Дембо Дарбое ги носи чаирчани повторно до водство

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 78’ ГООООЛ за Вардар. Дејан Блажевски го реализира пеналот за Вардар. Димов го фаулира Цветаноски во шеснаесетникот, Смоквоски покажа на белата точка

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (1-0)

78’ – Нијас Лена шутира откосо од левата страна, Захов успеа да одбрани

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

!!! – 62′ – Втор жолт картон и исклучување за младиот голман на Академија Пандев, Марко Алчевски. Ја фати топката со рака надвор од шеснаесетникот, па доби втор жолт картон. На голот ќе влезе Филип Купанов, на местото на Талаков

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

58’ – Колевски шутира со глава по центаршутот од левата страна, но не успеа да погоди

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (1-0)

58’ – Павиќ нафрли на вториот дирек, Дориев зафати волеј-удар, но не беше прецизен

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 54′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Сефер Емини од пенал носи израмнување на дуелот во Чаир

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

47′ – Одлична акција на Адеми, продира по десната страна но брани голманот на Македонија ЃП

Почеток на второто полувреме од натпреварите во ПМФЛ…

  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ….

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

45’+3 – Демир во 100% шанса. Сам на десет метри пред голот на Шкупи, но шутира во домашниот голман

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

45’+ 2 – Миловановиќ се обиде со шут од 16 метри, но лесен плен за гостинскиот голман Илиќ

БОРЕЦ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 40′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Со погодокот на Никола Радовиќ велешани доаѓаат до предност против Ренова на мечот во Велес

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (1-0)

1-0 – 34′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Енур Тотре погодува за водство на тетовци. Двојно проигрување со Бесарт Ибраими, по што Тотре се реши на удар од 15 метри и ја погоди мрежата на противникот

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

32’ – Дарко Мицевски шутира од слободен удар од 25 метри, за малку крај левиот дирек

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

30’ Миловановиќ шутира од слободен удар, но директно во живиот ѕид на Вардар

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

29′ – Китановски шутира од убава позиција, но само во надворешниот дел од мрежата од голот на домашните

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (0-0)

26’ – Агон Хани шутира од 30 метри, но високо над голот на Шкендија

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (0-0)

10’ – Бесарт Ибраими шутира од работ на шеснаесетникот, крај голот на Струга ТЛ

АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

10′ – Голема шанса за Вардар, Реџепи во акција по левата страна но дирекот го спасува голот на „пандевци“

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 4′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Грешка на Атанасковски, Илирид Адеми по десната страна краде топка па нафрла на 4-5 метри пред голот на гостите каде Јусуфи од непосредна близина носи водство

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 2. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати се и составите за дуелот во Струмица меѓу Академија Пандев и Вардар…

  • Познати составите за пресметката на Чаир меѓу Шкупи и Македонија ЃП…

======================================================================================

Во 2. коло од ПМФЛ, Шкендија против Струга ТЛ на домашен терен ќа атакува на првата победа. Интересна пресметка на Чаир меѓу Шкупи и Македонија ЃП, а Вардар гостува во Струмица на Академија Пандев.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...