Прва лига жени: Бадел и Крива Паланка изборија мајсторки

Возбудливо е на стартот од плејофот во женската Прва лига откако кошаркарките и Бадел и на Крива Паланка славеа на вторите натпревари и се изборија за мајсторки во полуфиналните серии со Баскет Кам, односно Вардар.

„Баделки“ беа поразени на првит меч во Македонска Каменица, но синоќа одиграа импресивен дуел, целосно го надиграа противникот и славеа со убедливи 69-51. Фримен беше најдобра во победничкиот тим со 20 поени, Чолакоска реализираше 19 поени, додека Клири оствари дабл-дабл од 16 поени и 11 скокови. Максимовска ги предводеше стрелците кај Баскет Кам со 15 поени.

Вардар имаше предност од 1-0 во серијата со Крива Паланка, но „црвено-црните“ не успеаја да ја искористат првата шанса за финале, и тоа на домашен терен. Крива Паланка имаше целосна контрола на реваншот, на одмор замина со водство од 36-49, за на крајот заслужено да триумфира со 69-76.

Робинсон беше најзаслужна за оваа победа со 29 поени, Грин постигна 20 поени за Криза Паланка, додека Алексиќ со 22 поени ги предводеше стрелците на Вардар на овој натпревар.

Се вчитува...