Прва победа на Монако во новата сезона

Монако во четвртиот обид ја забележа првата овосезонска победа во франуцското првенство, откако „кнезовите“ на гостински терен ја совладаа Троа со 1-2. Заморот по 120-те минути против Шахтјор и елиминацијата од ЛШ не остави преголема трага врз избраниците на Нико Ковач, кои го диктираа темпото на игра и заслужено ги освоија трите ода на овој натпревар.

Младиот Диоп беше стрелец на првиот гол во 40. минута, откако немаше тешка задача да ја затресе мрежата по несебичната асистенција на Бен Једер. Домаќините израмнија на почетокот од второто полувреме, но Диоп со својот втор гол му ја донесе победата на тимот на Монако.

Се вчитува...