Прва радост за Кузмановски и за Миркуловски во Бундес-лигата

Вецлар на нашите Филип Кузмановски и Филип Миркуловски во петтиот обид конечно стигна до првата бундеслигашка победа, славејќи попладнево над екипата на Бергишер со резултат 29-24.

Тимот на Вецлар катастрофално ја почна сезонава, но собра сили за консолидација и денеска благодарение на одличната игра во одбраната стигна до посакуваниот триумф. На одмор се замина со минимално водство на Вецлар од 12-11,  клучен беше стартот на второто полувреме во кое домашниот состав дојде до „плус шест“ (19-13) и потоа рутински ја одржуваше предноста до самиот крај.

Миркуловски е прв асистент во стручниот штаб  на Вецлар, Кузмановски имаше еден гол и една асистенција во денешниот триумф, а најефикасни кај победничкиот тим беа Новак со десет и Рубин со пет погодоци.

Се вчитува...