Првата Американка во историјата на македонскиот фудбал ќе игра во Каменица Саса (ФОТО)

Актуелниот македонски фудбалски шампион во женска конкуренција, Каменица Саса, се засили со првата американска интернационалка која ќе игра во македонскиот фудбал во историјата.

Нов член на Каменица Саса е Пејтон Чик, која доаѓа од редовите на Сиетл каде настапувала досега. Чик потпиша договор до крајот на сезоната.

„Со доаѓањето на Пејтон добиваме повеќе на квалитет по крилните позиции. Очекуваме со своето искуство да ни помогне да бидеме уште посилни и со подобри резултати во пролетниот дел од сезоната! Со среќа Пејтон, многу заеднички успеси и, секако, трета титула во низа“, се вели во соопштението од Каменица Саса.

Се вчитува...