Првата лига се враќа на сцена – МЗТ Скопје гостува на „Кале“

Првиот прволигашки натпревар во новата година ќе биде одигран на „Кале“ каде Вардар во 17 часот ќе го угости актуелниот шампион, МЗТ Скопје. „Црвено-црните“ во обид да стигнат до втората победа во сезоната ќе се потрудат да му се спротивстават на фаворитот од Аеродром, кој во пресрет на АБА2 „балонот“ се обидува да фати натпреварувачки ритам.

Од таборот на „сино-белите“ се подготвени за престојниот натпревар, но апелираат на претпазливост против младиот состав кој е желен за докажување.

„После поголемата пауза во изминатиот период се враќаме на кошаркарските терени, желни за добра игра и победа. Сакаме новата година да ни почне со позитивен резултат. Свесни сме дека екипата на Вардар ќе биде мотивирана и ќе игра над своите можности, а поради тоа не смееме да ги потцениме. Мораме да  дадеме максимум за да стигнеме до посакувната цел“ – изјави бекот на аеродромци, Андреј Магдевски.

Се вчитува...