Првата лига заврши: Пелистер во пол позиција, МЗТ 2 и Ангели на дното

Последното коло од Првата кошаркарска лига ни ги потврди патниците во Суперлигата и плеј-аутот со тоа што сеуште останува неизвесно дали може да дојде до промени со оглед на обврската тимовите учесници во разигрувањето за титула да бидат Акционерско друштво (А.Д).

Според пласманот по 22. одиграни кола во Суперлигата ќе се натпреваруваат: Пелистер, МЗТ Скопје, Еуро Никел, Академија ФМП, Гостивар и ТФТ, додека во плеј-аутот ќе разигруваат: Феникс 2010, Работнички, Кожув, Куманово, МЗТ Скопје 2 и Ангели.

Дваесетидвете одиграни кола ни ги потврдија учекувањата од претсезоната и новата битка на АБА2 лигашките Пелситер и МЗТ Скопје за врвот на македонската кошарка, но очекуваното регуларниот дел не помина без пријатени и непријатни изненадувања.

Како сензација на сезоната мора да се спомене Феникс 2010 кој ја продолжи бајката на новајлиите која ја започна ТФТ со тоа што „виолетово-жолтите“ успеаја да забележат победи против 10 од 11 клубови меѓу кои Пелситер и МЗТ Скопје. Дополнителна убавина кај новалијата даде фактот дека настап забележаа млади играчи од кои се очекува многу во иднина, а доколку избраниците на Дервишевиќ имаа мирна рака од линијата за слободни фрлања, лесно можеше тимот да се најде во горниот дел на табелата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Најнепријатното изненадувње е Куманово чии бомбастични најави за сезона со излез во Европа завршија со промена на вкупно 24 кошаркари кои сеуште доаѓаат и заминуваат од клубот. „НБА ѕвездите“ не само што не ги исполнија очекувањата туку заминаа по првите финансиски проблеми кои се појавија уште со еднодневното патување со автобус до Гронинген, Холандија за квалификациите во ФИБА Еврокупот.

Куманово претходната сезона беше на чекор до елиминцијата на МЗТ Скопје во четвртфиналето со што кумановци наговестија враќање во игра за висок пласман, но „сино-белите“ останаа уште една потврда за тоа каде се наоѓа македонската кошарка.

До крајот на првенството не очекуваат уште 60 натпревари од Суперлигата и Плеј-аутот со тоа што само вистинска сензација може да ги спаси МЗТ Скопје 2 и Ангели од враќање во вториот ранк, па далеку поинтересна ќе биде битката во Суперлигата.

Таму Пелистер и МЗТ Скопје се наоѓаат во добра позиција за пласман во полуфиналето, додека Еуро Никел, Академија ФМП, Гостивар и ТФТ кои се одделени само една победа ги очекува пеколна битка за место меѓу најдобрите четири.

Се вчитува...