Прво го критикуваше Ѓоковиќ, а потоа е исфрлена поради непочитување протоколи

Американската тенисерка Даниел Колинс е исфрлена од турнирот во Западна Вирџинија поради непочитување на протоколите за Ковид-19, соопштија организаторите. Колинс во јуни поради ставовите за потенцијалното одржување на УС опен го нападна првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ.

„Ја исфрливме Колинс бидејќи ги прекрши правилата повразани со коронавирусот и го напушти местото на одржување на турнирот и Сојузната држава Западна Вирџинија. Протоколите им беа јасно претставени на сите учесници и нивна цел е да обезбедат сигурност и здравје на сите тенисери“, стои во соопштението на организаторите. 

Колинс беше најгласна со нападите врз Новак Ѓоковиќ кој изјави дека не е сигурен дека е можно да се игра УС опен сезонава.

Се вчитува...