Прво коло МФЛ: Шкендија оди на Чаир, Вардар домаќин на Борец

Шкендија во првото коло од новиот шампионат на Македонија во Првата лига ќе гостува на Чаир на 9.август. Вардар, кој се уште и ги нема почнато подготовките, треба да го пречека Борец на домашен терен, а Работнички на стартот ќе игра против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Новиот прволигаш Пелистер ќе биде домаќин  на Академија Пандев, а Беласица ќе го пречека Силекс. Во Тетово, Ренова ќе игра против Струга Трим Лум.

Ова се двојките за премиерното коло од сезоната 2020/21.

ПРВО КОЛО – ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА (2020/21) – 9. август

Шкупи – Шкендија

Македонија Ѓ.П. – Работнички

Беласица – Силекс

Пелистер – Академија Пандев

Вардар – Борец

Ренова – Струга Трим Љум

Се вчитува...