Денеска се одиграа седум натпревари од Купот на Македонија на кој прволигашите имаа сигурен настап.
Екипата на Брегалница славеше на гости кај Тетекс со 4:1, Шкендија Арачиново на гости кај Детонит победи со 2:0, како и Башкими кој пукна петарда во дуелот со Коњари (5:0).
Сигурен настап имаше и Беласица која со 3:1 го совлада Осогово и тоа како гостин.
Пласман во осминафиналето обезбеди и Новаци кој со 1:0 го победи Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
