Прволигашката програма продолжува во Кисела Вода, Аеродром и на „Кале“

Дваесетипрвото коло од Првата кошаркарска лига започна со натпреварот на колото помеѓу Гостивар и Пелистер кој заврши со триумф на гостите од Битола, а продолжува денеска со четири нови возблудливи дуели.

Првиот од нив ќе биде одигран во Кисела Вода каде Ангели го пречекуваат Кожув во интересна битка за опстанок во „елитата“ на македонската кошарка од 16 часот и 15 минути, а продолжува во Аеродром од 17 часот со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје 2 и Куманово кој исто така ќе има голема улога во изборување на место меѓу најдобрите тимови во мак-баскетот следната сезона.

Богатиот ден продолжува со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Феникс 2010 од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ каде осумкратниот шампион ќе се обиде да му се одмазди на младиот тим за поразот од првиот дел од сезоната, но новлијата оваа сезона докажа дека не признава фаворити па ќе биде интересно да видиме дали може да бидеме сведоци на уште една сензација.

Богатиот дел го комплетираат Работнички и Еуро Никел од 19 часот и 30 минути во СРЦ „Кале“ каде нашиот најтрофеен тим ќе ја брка 10. победа во сезоната. Сепак натпреварот е од поголемо значење за гостите од Кавадарци кои и покрај тоа што се на добар пат да осигураат место во Суперлигата, сеуште математички не го строија истото.

Колото ќе биде комплетирано во среда со натпреварот помеѓу ТФТ и Академија ФМП.

Се вчитува...