Прволигашките кошаркарски возбудувања продолжуваат денеска со натпреварот помеѓу Еуро Никел и МЗТ Скопје 2 во „Јасмин“ од 18 часот во кој кавадарчани ќе бараат победа за чекор до место во Суперлигата, додека „штркчињата“ ќе се обидат да стигнат до третата победа во сезоната со која ќе ги зголемат шансите за опстанок.
Покрај овие две средби во недела ќе се одиграат уште три натпревари во кои ќе се сретнат Академија ФМП и Гостивар од 18 часот во важен натпревар за третото место на табелата, како и Кожув – Работнички (18:00), а богатиот ден ќе биде комплетиран во СЦ „Јане Сандански“ од 20 часот со мечот помеѓу Феникс 2010 и Куманово.
По враќањето на АБА-лигашите од „балонот“ во Широки Бријег ќе се одигра и средбата помеѓу Пелистер и Ангели во која лидерот на табелата ќе бара рехабилитација по поразот од Работнички во 19. Коло, како и натпреварот на колото помеѓу МЗТ Скопје и ТФТ во реваншот од финалето во Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА