Академија Пандев синоќа се закити со трофејот, а денеска се одбележува „роденденот“ – 26 години од одржувањето на првото финале од фудбалскиот Куп на Македонија.
На 23 мај 1993 година на „Градски“ во Скопје силите ги одмерија вечните ривали Вардар и Пелистер. Тоа беа поинакви времиња, стадионот беше исполнет до последното место, a во фантастична атмосфера на крајот на победата се радуваа фудбалерите на Вардар, со минимален триумф од 1-0.
Погледнете го голот што во самиот финиш го постигна Жанко Савов, за еуфорија на скопската публика и прв куп-трофеј во витрините на Вадар.
фото: fkvardar.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА