ПСВ Ајндховен го донесе најскапото засилување во историјата на клубот

Холандскиот фудбалски клуб ПСВ Ајндховен го доведе Португалецот Брума од РБ Лајпциг за сума од 15 милиони евра што е нов клупски рекорд. Досега најголем трансфер во историјата на клубот е трансферот на Матија Кежман во далечната 2000 година, кога на Партизан му беа платени тогашни 28 милиони марки (14 милиони евра).

Брума ја одби понудата од Порто, како би играл во според него едно од најдобрите првенства на светот за развивање на младите фудбалери.

 

Се вчитува...