ПСЖ ги задржува Нејмар и Мбапе

ПСЖ е блиску до продолжување на соработката со своите два најдобри фудбалери, Нејмар и Килијан Мбапе. Како што пренесуваат бројни француски медиуми, новиот договор со Бразилецот е веќе потпишан, а интензивно се работи и на усогласување на условите со младиот Французин.

Спортскиот директор на клубот, Леонардо не ги потврди овие информации, но изјави дека разговорите за продолжување на соработката се во напредно ниво. Покрај нив, „Светците“ на „Паркот на Принцовите“ ќе ги задржат и Анхел Ди Марија и бекот Бернат за кој постои интерес и од Барселона.

„Разговорите за новиот договор со Нејмар одлично напредуваат, но сеуште нема потпишано нов договор. Веќе долго преговараме и со Мбапе и во овој случај сме блиску до постигнување на договор. Наскоро се ќе биде познато“ – изјави Леонардо.

Се вчитува...