ПСЖ го губи трпението со Мбапе – со сила убавина не бидува, голгетерот заминува од Париз

Килијан Мбапе е еден од играчите од кој се очекува да биде предводник во смената на генерации која следи, но чии бои ќе ги брани 22-годишникот во иднина останува неизвесно. Неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот на следната година, притоа контантно се водат разгорови за продолжување на довербата, а без разлика за која насока се одлучи Мбаше, па ова лето ќе биде пресудно за младиот играч.

Имено, како што пренесуваат француските медиуми, ПСЖ воедно го губи и трпението со својот напаѓач, а неговата последна изјава на репрезентативната пауза во однос на критиките кои ги трпи, дополнително ги разгорело страстите во тимот од „Паркот на Принцевите“.

„Почнаа да ме заморуваат критиките. Многу е тешко кога играте во својата држава, а притоа давате се и за репрезентацијата. Доаѓа момент кога сте преуморни од се“, изјави Мбапе.

Челниците се разочарани бидејќи сметаат дека Мбапе одлично заработувал откако дошол во клубот, се промовирал во нова ѕвезда на светскиот фудбал, а сега на маса има уште побагата понуда за продолжување на соработката. Меѓу „светците“ владее ставот дека Мбапе е неблагодарен за сето она што клубот го сторил за него, па не планира дополнително да ја зголеми понудата.

Напротив, ПСЖ се подготвува за продажба на овој одличен голгетер, кој има договор до 2022 година и летово мора да си замине. Се очекува сумата за продажба да биде над 100 милиони евра, но далеку под оние 180 милиони што „светците“ ги платија за да го донесат овој голем ас од Монако.

Се вчитува...