Зинедин Зидан од наредната сезона веројатно ќе биде новиот тренер на Пари Сен Жермен. Прва задача за францускиот стратег ќе биде да се убеди Ерлинг Халанд да се пресели во Франција.
Легендата е заштитно лице на „Адидас“, кој се обидува да потпише спонзорски договор со еден од најдобрите фудбалери на денешницата, пишува германски „Билд“.
Токму Зидан бил човекот кој спортскиот бренд го искористил за да се оствари посакуваната соработка. Норвежанецот се раздели со „Најк“ изминатиот јануари, кога не прифати продолжување на договорот.
ПСЖ е една од екипите заинтересирана за младиот голгетер. Меѓутоа, конкуренцијата за него е голема, со оглед на листата на која стојат Реал Мадрид, Манчестер Сити, Барселона и Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА