Една „ѕвезда“ си оди, друга доаѓа: ПСЖ го сака Халанд како замена за Мбапе

Ерлинг Халанд јавно кажа дека Борусија Дортмунд му прави притисок и го тера што поскоро да одлучи за својата иднина. Еден од најталентираните фудбалери на денешницата е посакуван од многу клубови. Речиси сигурно е дека ја напушта „Сигнал Идуна Парк“, но непознаница е неговата следна дестинација во кариерата.

Норвежанецот се поврзува со Реал Мадрид и Барселона, а сега и ПСЖ влезе во трка за неговиот потпис. Францускиот гигант во него гледа како наследник на Килијан Мбапе, кој е блиску до трансфер надвор од Париз. Наводно, „принцевите“ се подготвени да му понудат на Халанд годишна плата од 30 милиони евра и договор до 2028 година.

Во договорот на Норвежанецот со Борусија има клаузула што го прави достапен за трансфер за 75 милиони евра, сума што богатиот француски клуб може без проблем да си ја дозволи за да доведе нова фудбалска суперѕвезда на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...