ПСЖ има „пеколен план“. Нова мегаѕвезда доаѓа на местото на Килијан Мбапе

Килијан Мбапе делува решено да си замине од ПСЖ на крајот од сезонава, откако францускиот репрезентативец веќе ги известил челниците на овој клуб дека не планира да потпише нов договор. Актуелниот договор истекува во јуни 2022 година, што практично значи дека ПСЖ ќе мора во текот на летниот преоден рок да го продаде големиот ас за да не ризикува тој наредното лето да си замине без никаква отштета од „Паркот на принцовите“.

Француските медидуми најавуваат дека ПСЖ подготвува нова „бомба“ на пазарот, откако катарските газди и директорот Леонардо се договориле летово да тргнат во офанзива по Кристијано Роналдо. Португалецот е незадоволен од случувањата во Јувентус, не успеа во зацртаната цел со овој клуб да дојде до нов трофеј во Лигата на Шампионите, па доколку добие интересна понуда сигурно добро ќе размисли за менување на клупските бои. Слично како и Мбапе, и тој има актуелен договор до јуни 2022, па летово ќе биде последна можност за Јуве да го продаде и да си врати барем дел од инвестицијата.

ПСЖ е еден од ретките европски клубови што е финансиски моќен да ја покрие платата од 32 милиони евра годишно на Роналдо, воедно и да му понуди проект со кој би му гарантирал битка за трофеи, па лесно може да се случи Кристијано летово да му се приклучи на Нејмар во Париз.

Се вчитува...