ПСЖ ќе даде втора шанса, Покетино останува тренер во Париз

Директорот на ПСЖ, Леонадро, во истакна дека Маурисио Покетино ќе остане во Париз, иако не ги исполни очекувањата на челниците на клубот.

Аргентинецот седна на клупата на „светците“ во јануари оваа година, но со најсилниот и најскапиот тим во Франција, тој остана без титулата во домашното првенство, а во полуфиналето од Лигата на шампионите беше елиминиран од Манчестер Сити.

„Sky Sports“ во саботата објави дека Покетино може да се врати во Тотенхем, сепак, Леонардо верува дека неговата иднина е на „Паркот на принцовите“.

„Покетино има двегодишен договор тука во ПСЖ и ние сме многу задоволни од него“, рече Леонардо.

За потсетување, клубот од Париз го освои само Купот на Франција во сезоната 2020/21.

Се вчитува...