ПСЖ ќе го задржи Покетино и покрај лошата сезона

По анагажирањето на Маурицио Покетино, ПСЖ беше еден од фаворитите за освојување на Лигата на Шампионите, но парискиот состав на крајот мораше да се задоволи само со полуфинале откако на патот на „Светците“ застана Манчестер Сити.

Покрај тоа ПСЖ „киксна“ и на домашната сцена и заврши на втората позиција на табелата во Лига 1 со што беше прекината тригодишната доминација па во француските медиуми се појавија информации за можно заминување на аргентинскиот стратег.

Денеска добро упатениот новинар Фабрицио Романо ги отфли овие шпекулации и додаде дека токму Покетино играл голема улога во „кражбата“ на Џини Вајналдум, кој беше пред потпис како слободен агент со Барселона, но на крајот ќе заврши во редвоите на ПСЖ.

Се вчитува...