ПСЖ објави колку заработил на Меси, цифрите се неверојатни

Минатата година соема неочекувано Лионел Меси ја напушти Барселона после повеќе од 20 години, и потпиша за ПСЖ. Веста одекна како „нуклеарна бомба“, со оглед дека се очекуваше Меси да ја заврши кариерата во Каталонија.

Во првата сезона како фудбалер на ПСЖ, Меси одигра далеку под своето ниво. Учинокот од 11 голови и 15 асистенции беше премалку за еден од најдобрите играчи на сите времиња. ПСЖ ниту со Меси не успеа да направи нешто повеќе во Лигата на шампионите, односно испадна во 1/8 финалето против Реал, а токму Аргентинецот беше еден од најлошите.

Иако дојде во Париз без отштета, сепак, ПСЖ го чинеше Меси. Тригодишниот договор ќе ги чини Парижаните 110 милиони евра плус премии и бонуси. Но, сопственикот на тимот Насер ал Келаифи откри дека доаѓањето на Меси се покажа одлично, со оглед дека ПСЖ заработил вкупно 700 милиони евра откако е тој во клубот.

„Договорот на Лео Меси ни донесе веднаш 10 нови спонзорски договори“, откри Марк Амстронг, финансискиот директор на ПСЖ.

Исто така откриено е дека клубот само од продажба на дресови и реквизити од Меси заработил дополнителни 300 милиони евра. Дресот на Меси е најпродаван, попрадаван дури и од оние на Мбапе, Нејмар и останатите играчи. Дури 60% од дресовите се продадени со името на Меси, што значи дека останатите заедно имаат помалку од Аргентинецот.

Финансиски службен податок е дека во првите три часа по промоцијата на Меси, се продале дресови во вредност од нешто помалку од 1 милион евра, односно 933 илјади евра.

„Ретко се случува играч да ги оправда парите само со продажба на дресови. Не е можно да се произведат толку многу дресови колку што пазарот бара. Никој тоа не може да го изведе“, рече Амстронг.

Исто така голема е побарувачката за билети на „Паркот на принцовите“ откако пристигнал Меси во Париз. Повеќе нема билети да се купат за домашните натпревари на ПСЖ на сите натпревари. На листата на чекање за обични билети се зголемиле за осум пати повеќе од што е капацитетот на стадионот. ПСЖ ги зголемил следбениците и на социјалните мрежи по доаѓањето на Аргентинецот. Со доаѓањето на Меси, ПСЖ добил 15 милиони следбеници повеќе на  сите платформи.

„Од тоа заработуваме дополнителни 1,4 милиони евра неделно“, рече Армстронг.

Се вчитува...