ПСЖ победува и без Меси

По триумфот над Страсбур на отварањето на сезоната, ПСЖ стигна и до втората победа во француското првенство откако славеше со 2-4 на гостувањето против Брест.

Парижани добро го започнаа мечот и веќе по 36. минути игра имаа предност од 0-2 со головите на Херера и Мбапе, но домаќините се вратија во игра веќе до полувремето со голот на Хонорат во 42. минута од мечот.

Долговреме на семафорот стоеше истиот резулат, а потоа следеше нова голеада. Во 73. минута од мечот Гаје донесе предност од 1-3 за ПСЖ, Муни намали на 2-3 во 85. минута, а сите дилеми ги реши Ди Мариа во 90. минута за конечни 2-4.

Се вчитува...