ПСЖ рутински против „фенерџијата“ Дижон (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен стигна до рутинска победа на гостувањето кај „фенерџијата“ Дижон од 0-4 во натпревар од 27. коло во француската Лига 1.

Водство за „светците“ донесе Мојсие Кеан во 6. минута, додека до крајот на првиот дел Килјан Мбапе од пенал во 32. ја удвои предноста на гостите. Во второто полувреме Мбапе со својот втор гол во 51. зголеми на 0-3, додека конечните 0-4 ги постави Данило во 82. минута.

ПСЖ со триумфот му се доближи на Лил на само минус еден бод на првенствената табела, но лидерот во француското првенство има натпревар помалку. Дижон останува „закован“ за дното со само 15 бода.

 

 

Се вчитува...