Пари Сен Жермен славеше со 3-0 над Лил во најинтересниот натпревар од осминафиналето во францускиот национален куп. Водство за „светците“ донесе Мауро Икарди во 9. минута, а на 2-0 зголеми Килијан Мбапе од пенал во 41. минута.
Во вториот дел гостите во 78. минута пропуштија шанса да се вратат во натпреварот, откако Кејлор Навас повторно успеа да спречи пенал, овој пат на Јазици, a до крајот Мбапе со својот втор гол во 93. минута ги постави конечните 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА