ПСЖ во „пенал трилер“ преку Монпелје до финале во францускиот куп (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен е првиот учесник во финалето на францускиот национален куп откако по пенали беше подобар од Монпеље со 5-6 (2-2). Килијан Мбапе донесе водство за гостите во 10. минута, а до крајот на првото полувреме Лаборде во 45. минута израмни на 1-1. Мбапе со својот втор гол во 50. минута донесе ново водство за „светците“, но домаќините се вратија со голот на Делорт во 83. по што натпреварот замина во пенал серија.

Таму подобри беа „светците“ со 5-6 и стигнаа до финале во Купот на Франција каде за противник ќе го имаат победникот од второто полуфинале меѓу Монако и нисколигашот Руми Валер.

 

Се вчитува...