Пу-пу, оставката не важи: Липи се врати на клупата на Кина

Само четири месеци откако си поднесе оставка, Марчело Липи од денеска и официјално се врати на функцијата селектор на Кина. Трофејниот стратег се повлече од селекторското место по елиминацијата на Купот на Азија, за негов наследник беше именуван Фабио Канаваро, но челниците на Кинеската Фудбалска Федерација не криеја дека сакаат да го убедат Липи да го смени мислењето и да се врати на кормилото.

Долгите разговори конечно вродија со плод, па екс-тренерот на Јувентус потпиша договор како кормилар на националниот тим на оваа земја. Липи ќе ја предводи Кина во квалификациите за СП 2022, потпишаниот договор е само за квалификацискиот циклус, а доколку успее да обезбеди пласман на Мундијалот, автоматски договорот ќе биде продолжен до СП во Катар.

Што се однесува до Канаваро, младиот италијанскиот стратег се согласил да му го отстапи местото на Липи и да се фокусира само на работата  во својот клуб, Гвангжу Евергранде.

Се вчитува...