„Пука“ кај „Баварците“: Нагелсман барал три засилувања зимава, но челниците на Баерн не ги исполниле

После поразот од Бохум, и „килавото“ реми во ЛШ против Салцбург, следуваа серија на критики кон тренерот на Баерн Минхен Јулијан Нагелсман, кој очигледно не ги води „Баварците“ онака како што очекуваа од него.

Најмногу удри Лотар Матеус, поранешната легенда на Баерн Минхен, кој имаше преписка со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

„Нормално дека Лотар има нешто да каже. Тој е стручњак, ми е гајле што мисли“, му врати Салихамиџиќ на критиките на Матеус.

Дополнителен немир во клубот носи „Билд“ кој рече дека Јулијан Нагелсман не бил задоволен од ростерот на екипата. Наводно оваа зима барал три засилувања, но ниту едно не било доведено. Станува збор за Денис Закарија, потоа Жоао Кансело и Борна Соса.

Но, Закарија отиде во Јувентус, Кансело остана во Сити, а Соса не „мрдна“ од Штутгарт. Но, наводно Нагелсман не бил изненаден затоа што веќе бил предупреден од Ханс Флик дека може да се случат „неочекувани работи“ особено кога станува збор за трансфери.

Се вчитува...