Пукна тиквата меѓу Леброн и Лејкерс – Голден стејт е прв фаворит за неговиот потпис

Управата на Голден Стејт Вориорс внимателно ја следи ситуацијата околу Леброн Џејмс и е подготвена да се вклучи во трката за негов потпис доколку тој реши да ги напушти Лос Анџелес Лејкерс, пренесуваат американските медиуми.

Според инсајдерски информации од САД, односите меѓу 41-годишниот кошаркар и „езерџиите“ во моментов не се идеални. Комуникацијата е сериозно ограничена, а клубот сè уште нема доставено понуда за нов договор до четирикратниот НБА шампион.

Вориорс се издвојуваат како една од најреалните опции за продолжување на неговата кариера. Клубот од Сан Франциско сака да ја искористи оваа шанса и да го формира најспектакуларното партнерство во модерната кошарка меѓу Леброн Џејмс и Стеф Кари. Иако останувањето во Лос Анџелес се уште е примарно сценарио, во игра за неговиот потпис се споменуваат и неговите поранешни тимови, Кливленд Кавалирс и Мајами Хит.

Се вчитува...