Пукна „трансфер-бомбата“: Исак во Ливерпул за рекордни 130 милиони фунти

Последниот ден од преодниот рок во Англија го донесе и новиот рекорд за најскап трансфер во историјата на англискиот фудбал – Александер Исак конечно си замина од Њукасл и кариерата ја продолжува во шампионот Њукасл.

Станува збор за една од најдолгите летни саги откако шведскиот репрезентативец одби да се приклучи на тренинзите на Њукасл, тврдејќи дека му било дадено ветување дека летово ќе можем да ги смени клупските бои. Њукасл долго одбиваше продажба на најдобриот фудбалер, но откако го доведе Волтемаде од Штутгарт клубот од „Сент Џејмс Парк“ ја отвори вратата за заминување на Исак.

Ливерпул чекаше буквално до „пет до дванаесет“ за рано утрово да постигне целосен договор во последниот ден од преодниот рок. Вкупната вредност на трансферот изнесува 130 милиони фунти, откако Ливерпул ја зголеми понудата во однос на првите 110 милиони кои беа одбиени од Њукасл, но и „црно-белите“ ја спуштија сумата што ја бараа во однос на оние 150 милиони фунти од почетокот на оваа трансфер-сага.

Ова нема да биде последен маневар на Ливерпул до крајот на преодниот рок откако „црвените“ тргнаа во завршна офанзива Марк Геи, капитенот на Кристал Палас кој би требало да биде големо засилување за одбраната на „црвените“.

Се вчитува...