Пуштен во употреба нов велодром во Градскиот парк

Веќе пет години по ред Стопанска банка АД – Скопје во партнерство со Град Скопје инвестира во развојот на вело-културата преку кампањите #ВозиПравоВозиЗдраво, но и преку донациите на внимателно, избрана урбана опрема за градот.

Овојпат, по неколку месеци интензивна работа, завршен е и пуштен во употреба велодром pumptrack во Градскиот парк, веднаш до паркингот кај Сточарскиот институт.

Оваа локација сега добива нов модерен изглед, исполнета со забавни и рекреативни содржини. Градот Скопје на сето ова се надоврза со осветлување, хортикултурно уредување и фонтана за вода, а целосно беше реконструиран и големиот паркинг кој го користат посетителите на Градскиот парк.

При посетата на локацијата, Претседателот и членовите на Управниот одбор од Стопанска банка АД – Скопје и Градоначалникот на Град Скопје, се промовираше и пушти во употреба TOPSI Pumptrack кој ќе придонесе младите генерации се повеќе да го користат својот велосипед и за забава, но и како превозно средство.

Претседателот на Управниот одбор, Г. Диомидис Николетопулос при посетата изрази задоволство што брендот Стопанска банка АД – Скопје се повеќе станува синоним за соработка со заедницата, инвестирањето во подобра животна средина и граѓанска активност. Благодарение на заложбите на нашите вработени, како компанија живееме и делуваме проактивно и се менуваме заедно кон подобро.

Градоначалникот на Град Скопје, Г. Петре Шилегов исто така изрази задоволство од повеќегодишната соработка со Банката и нагласи дека Градот ја исполнува својата визија за подигнување на квалитетот на живот за граѓаните преку збогатување на содржините достапни посебно за помладите генерации, инвестирање во инфраструктурата, во животната средина и преку модернизирање на транспортот. Преку сите овие проекти, континуитетот и заложбата на тимот, Градот е целосно во функција на своите граѓани.

Ги покануваме граѓаните на Скопје да го посетат велодромот, да уживаат и да помогнат во зачувување на патеката и содржините со што ќе се охрабрат и за идни донации во ваков вид на урбана вело опрема.

Комерцијален текст

Се вчитува...