Работнички ги договори противниците за подготовките во Анталија

Македонскиот прволигаш Работнички ги договори пријателски натпревари што ќе ги одигра на зимските подготовки во Анталија, Турција. „Романтичарите“ планираат да одиграат четири тест – мечеви за време на десетдневните подготовки.

На 28.јануари, Работнички ќе ги одмери силите со украинскиот клуб Днипро, два дена подоцна ќе следи меч со рускиот клуб Терек Грозни, а на 2.февруари противник ќе му биде унгарскиот клуб МТК.

За 4.февруари е планиран уште еден тест – натпревар, и најверојатно ќе биде одигран неофицијален тренинг натпревар со украинскиот клуб Олимпик Доњецк, со кој „романтичарите“ ќе бидат сместени во ист хотел во Анталија.

Се вчитува...