Работнички го освои пехарот во Купот на Македонија за одбојкарки

Одбојкарките на Работнички се освојувачки на Купот на Македонија во женска конкуренција, откако во денешното финале што се одигра во Струмица триумфираа над Наковски волеј со 3-1 во сетови.

Скопскиот клуб влезе како фаворит во финалето поради фактот дека во регуларниот дел од сезоната немаше пораз од денешниот ривал, а одбојкарките на Работнички ја оправдаа ваквата улога со одлична игра на теренот. Тие ги добија првите два сета со 25-18 и 25-21, а Наковски волеј возврати само во третиот сет, триумфирајќи со 16-25. Сепак, на крајот пресуди квалитетот на Работнички, кој го доби четвритот сет со убедливи 25-17 и се закити со трофејот.

Се вчитува...