Работнички го победи Борец на последниот тест пред стартот на сезоната (ФОТО)

Фудбалерите на Работнички на генералниот тест натпревар пред почетокот на новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска сезона славеа против велешки Борец со 1-0.

На дуелот кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, составот на Ратко Достаниќ беше подобар во второто полувреме кога и беше постигнат единствениот погодок на мечот за триумф на „романтичарите“.

Стрелец на погодокот за победа на Работнички беше Лука Станковски во 65. минута од натпреварот, кој постигна прекрасен гол.

 

Се вчитува...