Работнички го задржа Стефан Јевтоски

Стефан Јевтоски и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Фудбалерот за врска постигна договор за продолжување на соработката со клубот од Дебар Маало за уште една година. Останувањето на Јевтоски ќе биде многу значајно за ширината на ростерот со кој располага тренерот Ратко Достаниќ. Тој беше од стандардните играчи во тимот и минатата сезона која беше прекината поради пандемијата со коронавирусот.

Работнички на стартот од новата сезона утре гостува во Ѓорче Петров и ќе ги одмери силите со Македонија ЃП. Мечот почнува во 17.30 часот, а главен судија ќе биде Јосип Бартон.

Се вчитува...