Работнички ја пречекува Беласица и ги очекува првите бодови во новата сезона

По несреќниот пораз во финишот од дуелот со Македонија ЃП во првото коло, пред Работнички е вториот предизвик во домашниот шампионат. Денеска (17 часот) тимот на Ратко Достаниќ на арената „Тодор Проески“ го пречекува составот на Беласица.

Напаѓачот Петар Петковски верува во многу подобро издание на Работнички и освојување на првите бодови во новата сезона.

„Имавме несреќен финиш на мечот против Македонија ЃП. Работевме на отстранување на грешките во изминатите неколку дена, мораме да ја задржиме концентрацијата на потребното ниво во текот на целиот натпревар. Научивме дека секоја грешка се плаќа. Сега сме фокусирани на вториот предизвик, на гости ни доаѓа Беласица и нема да не залаже нивниот убедлив пораз во првото коло. Максимално сме внимателни, но и мотивирани да одиграме квалитетен натпревар и да ги освоиме првите бодови во новата сезона“, изјави Петар Петковски за официјалниот сајт на клубот.

Во првиот меч од второто коло, Силекс и Пелистер ремизираа 2-2 во Кратово. Останатите четири меча се закажани за утре.

Се вчитува...