Работнички му врачи отказ на Борче Христов

Раководството на Работнички одлучи да му врачи отказ на шефот на стручниот штаб Борче Христов, по денешниот пораз на тимот од Струга Трим Лум со 1-3, кој е трет во серија за „романтичарите“.

„Кога резултатите не се во корист на тимот, одговорноста прв ја презема шефот на стручниот штаб. По трите порази едноподруго, донесовме одлука за разделба со тренерот Борче Христов. Се надеваме дека оваа промена ќе ги разбуди и фудбалерите. Би сакал да му се заблагодарам на тренерот Борче Христов за посветеноста и досегашната работа во клубот, му посакуваме многу среќа во понатамошната кариера“ – изјави претседателот на Работнички, Драган Поповски за официјалната интернет страница на клубот.

На следниот натпревар против Брегалница в среда, тимот ќе го предводат досегашните асистенти на Борче Христов, Стојанче Игњатов и Блаже Јанакиевски.

Се вчитува...