Работнички на чекор до топ-засилување

Работнички е на чекор да осигура уште едно големо засилување за наредната сезона, откако „центарци“ влегоа во завршна фаза од преговорите со Кристијан Николов.

Поранешниот македонски репрезентативец треба да биде значаен адут на плејмејкерската позиција, поранешниот ас на МЗТ Скопје ги мина последните две години во Турција, но реши летово да се врати назад во мак-баскетот. Интерес за услугите на Николов покажаа уште неколку екипи, но понудата на Работничкки делуваше најатрактивно, начелно се договорени деталите за соработка и се чека само на официјалниот потпис на договорот.

„Центарци“ веќе го доведоа и искусниот Американец Говенс од ТФТ, oд ланскиот ростер беа потпишани нови договори со Робев и со Ефремовски, а блиску до останување е и центарот Рикиќ.

„Црвено-белите“ дефинитивно создаваат екипа за респект, која ќе стори се да не се повтори ланското сценарио кога Работнички едвај се избори за опстанок во елитата.

Се вчитува...