Работнички годинава прославува јубилеј – 80 години од постоењето на македонскиот кошаркарски гигант кој полека но сигурно ја надминува големата криза во која се најде минатата сезона.
Претседателот Александар Стојкоски најави дека клубот е подготвен да се врати на старите победнички патеки од минатото.
„Пред се сакам да го честитам јубилејот, 80 години Работнички, значаен јубилеј кој сам по себе ни носи голема одговорност. Им должиме голема благодарност на сите легенди кои биле дел од Работнички и освоија бројни трофеи со овој клуб. Свесни сме дека клубот мина малку потежок период, таа криза кулминираше минатата сезона кога наместо да се бори за трофеи, тимот мораше да се бори за опстанок. Тоа беше јасен сигнал што значеше старт на еден процес – формирање на нова управа со јасна визија и цел како да се продолжи во иднина “, истакна претседателот на УО на Работнички, Александар Стојкоски.
„За кратко време надминавме голем дел од пречките и долговите кон ФИБА и кон други доверители. Во нашиот табор имаме врвни професионалци со нова енергија за да ги исполниме високите очекувања од КК Работнички. Целта не е за една сезона да се направи инстант успех, туку клубот да ја добие потребната инфраструктура и да создадеме систем што ќе генерира резултати со години. За мене лично Работничкки нее е само клуб, туку е дел од идентитетот на македонската кошарка. За нас мисијата е јасна – ќе го вратиме клубот каде што припаѓа – на самиот врв. Проектот е долгорочен, но јас сум оптимист дека ќе успееме“, додаде Стојкоски.
Директорот Бранко Радевски верува дека пред „црвено-белите“ од „Градски Парк“ се подобри денови….
„Би сакале да изразиме голема благодарност до сите советници во општина Центар што препознаа што беше неопходно за Работнички да застане на нозе, за денеска да сме овде и да дискутираме за следните чекори. Го затекнавме клубот како што го затекнавме, вкупниот долг е спуштен за 70‘, така што ни требаат уште неколку месеци за целосна стабилизација и Работнички да стигне на ниво на кое што заслужува да биде. Јас веќе имам кажано, без силен Работнички нема силна кошарка во Македонија, на добар МЗТ му фали н силен Работнички“„додаде Бранко Радевски, извршниот директор на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
