Работнички немоќен и пред Академија ФМП

Академија ФМП запиша триумф од 83-70 против Работнички во 18. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Академија ФМП сега се проби на третата позиција на табелата заедно со Гостивар, откако славеше против Работнички во меч кој беше одлучен во второто полувреме.

Гостите парираа успешно единствено во првиот период кој го добија со еден поен разлика (22-23). Во продолжението целосна доминација на ФМП. Домашните кошаркари уште на полувремето дојдоа до предност од девет поени (47-38),  која рутински ја одржуваа до крајот за конечна победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Крстајиќ со 25 поени, дополнети и со шест скока. Балмазовиќ со 18 поени беше најдобар кај Работнички, а по 13 поени постинаа Какруки и Едвин.

Се вчитува...