Работнички потпиша и со младински репрезентативец на Македонија

Работнички веќе ги стартуваше подготовките за новата сезона, а „центарци“ успеаја да осигураат и уште еден потпис, носејќи го во своите редови младиот Атанасиј Трајанов од екипата на Партизан Водно санс.

Трајанов беше дел од М18 генерацијата што славеше на ЕП – Б дивизија во Скопје, летово настапуваше за младинската репрезентација до 20 години на ЕП – Б дивизија во Братислава, по што следеше и потпис за „црвено-белите“ од „Градски парк“.

„КК Работнички АД Скопје ја известува јавноста и сите љубители на Работнички дека нов член на клубот е младинскиот репрезентативец Атанасиј Трајанов.

Атанасиј во Работнички пристигнува од редовите на второлигашот Партизан Водно Санс. 20 годишниот Трајанов е освојувач на златниот медал во 2024 година на европското првенство (Дивизија Б) со младинската репрезентација до 18 години одиграно во Скопје, каде за 21 минута бележе 6,5 поени и 6,5 фатени топки.

Тој исто така ова лето ги бранеше боите на репрезнтацијата на Македонија до 20 години на европското првенство (Дивизија Б) во Братислава. Атанасиј е висок 2 метра, успешно игра на позициите 3 и 4. Помеѓу другото, го краси борбена и корисна игра. 

Добродојде Атанасиј во црвено-белото семејство“, објави Работнички.

Се вчитува...